Весела Азбука

Весела Азбука ќе им даде знаење на децата од предучилишна возраст со цел тие полесно и побрзо да ги научат буквите од азбуката на македонскот јазик. Преку низа забавни активности, ќе научат да составуваат зборови со буквите кои што ќе им бидат дадени и да поврзуваат збор со слика. 

Весела Азбука е мобилна апликација која е составена од следниве едукативни игри за деца: 

  • Азбука – ѓи учиме буквите и зборовите на буквата, 
  • Сложувалки со букви, 
  • Балони со букви
  • Супа со букви, 
  • Учиме пишуваме, 
  • На буквата …, 
  • Состави го зборот – погоди го местото на буквите,  
  • Дополнување на зборови,  
  • Пронајди и поврзи – учиме читање 
  • Пишување на зборови (од 3 до 8 букви и повеќе).

Апликацијата е наменета за дечињата од предучилишна возраст и ученици од прво одделение, но и за работа со помали деца кои сакаат да научат и едноставни зборови од македонската азбука а со тоа и полесно да го развијат својот говор.

Scroll to Top